Му договориле лажна средба со девојката, па го однеле во куќа каде го претепале
Како што е пријавено, откако отишол на договореното место, бил пресретнат од четири машки лица, од кои едниот го познавал, кои со употреба на сила го однеле во куќа на подрачјето на Ѓорче Петров, физички го нападнале и му го одзеле мобилниот телефон.
Исто така, според пријавеното, настанот го снимале и објавиле на социјална мрежа, но набргу бил избришан.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Comments
Post a Comment